Дома Фудбал Репрезентации Репрезентативците на Германија напуштија натпревар поради расизам

Репрезентативците на Германија напуштија натпревар поради расизам

Селекцијата на Германија ќе биде дел од претстојните Олимписки игри во Токио кои стартуваат на 23. јули и ќе траат до 8. август.

Пред почетокот Германија во Вакајама играше пријателски натпревар против Хонудрас. Овој натпревар се играше без публика, а беше прекинат поради расистички навреди. Џордан Торунарига, репрезентативец на Германија бил мета на навреди на расна основа.

Во знак на поддршка кон својот соиграч фудбалерите на Германија го прекинале натпреварот и не сакале да продолжат. Прекинот се случил на пет минути пред крајот.

Натпреварот се играл во три третини од по 30 минути, кога се случил прекинот резултатот бил 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Реал Мадрид оствари убедлива победа со 4:1 против Реал Сосиедад во натпревар од второто ко…