Победата на тимот на Бобан Николов, Шериф Тираспол над Реал Мадрид силно одекна во фудбалска Европа и тоа е едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите.
Молдавскиот шампион ги победи „кралевите“, а победничкиот гол го постигна репрезентативецот на Луксмебург Себастиен Тил. Тој испрати одличен удар од колу 20-тина метри и ја смести топката во мрежата. Дефинитивно ова е најголемата победа во историјата на Шериф.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тил се уште не може да поверува што направил.
„Сите мои пријатели ја поставија снимката на друштвените мрежи, па кога и да го земам телефонот во раце морам да ја видам. Таа снимка ја изгледав повеќе од 100 пати. После ова многу луѓе во Луксембург знаат кој сум. Голот е чудесен, најважен во мојата кариера. Како деца сонувавме за ова“, изјави Тил.
За репрезентацијата на Луксембург Тил одигра 16 натпревари и постигна еден гол.