Eкипата на Ренова после победата против Алашкерт и пласманот во второто коло од квалификациите за Лига Европа промовира сериозно разсилување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Ренова потпиша Сујлеман Кулибали кој има 25 години. Кулибали е напаѓач кој доаѓа од Брегот на Слоновата Коска. Тој блескаше на Светското првенство до 17 години во 2011 година кога постигна 14 голови на 9 натпревари и беше најдобар стрелец на турнирот.
Таквиот настап му донесе трансфер во Тотенхем и таму играше одлично за младинскиот тим, додека за сениорите настапи само на еден пријателски натпревар.
По епизодата во Тотенхем следуваа позајмици во клубови како Бари, Гросето, Постоезе, Питербор, Климрнок, Ал Ахли и Партик. Во Ренова доаѓа од редовите на Етоли Сахтел од Тунис каде што помина една сезона.