Дома Македонски спорт Реми на првиот тест: Македонија и Финска одиграа без голови

Реми на првиот тест: Македонија и Финска одиграа без голови

mkd

Македонија денес со почеток од 17:00 часот одигра пријателски натпревар против селекцијата на Финска.

Во Турција на „Глорија Арената“, Македонија и Финска одиграа без голови и ова беше шести натпревар без пораз на избраниците на Ангеловски, но проблемот е во нападот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Следниот тест е Азербејџан за четири дена и ќе мораме многу подобро во офанзивата.

За првиот директен удар на нашата селекција кон голот на Финците чекавме до 31 минута и беше упатен од дефанзивецот на Шкендија, Висар Муслиу.

Најдобрата прилика на натпреварот ја имавме во вториот дел после скоро еден час игра. По акцијата на Несторовски топката дојде до играчот на Динамо Загреб, Аријан Адеми кој излезе сам пред чуварот на мрежата на противникот, но за жал не погоди.

До крајот се обиде и Несторовски од слободен удар, без посериозна закана, додека Финска се закани на 15 минути пред крајот на натпреварот преку Робин Лод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…