Првиот натпревар во новата сезона на македонскиот првак Вардар против францускиот ПСЖ на чија клупа седи македонскиот селектор и екс тренер на Вардар Раул Гонзалез одигран синоќа во Стразбур заврши без победник 33:33. Во натпревар со неизвесен крај, „црвено-црните“ имаа предност во поголемиот дел, а на крајот сепак изборија реми.

Најефикасни кај Вардар беа Тимур Дибиров и Сергеј Горбок со 7 голови, додека голманот Милосављев имаше осум одбрани. Капитенот на Вардар Стоилов заработи повреда на дланката за време на првиот дел.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Вардар во натпревар од третото коло денеска од 18:15 часот игра против Мешков Брест.

ПСЖ во првиот дуел го совлада Мешков Брест со 35:29.

На вториот дуел од турнирот во другата група: Веспрем предводен од Арпад Штербик го совлада Нант со 28:24. За Нант ова беше втор пораз во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ФФМ ја одреди цената за влезниците во финалето од Купот на Македонија

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на М…