Дома Македонски спорт Реми на Вардар, Дибиров промаши зицер за „нокаут“ на ПИК Сегед!

Реми на Вардар, Дибиров промаши зицер за „нокаут“ на ПИК Сегед!

Вардар денес го одигра натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против тимот на ПИК Сегед.

Во првиот дел се играше изедначено гол за гол, најголемата предност која ја имаше еден тим во овој период од натпреварот беше само два гола предност, а ја имаа домаќините во средината на првиот дел. Во првиот дел Арпад Штербик не беше на своето препознатливо ниво.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колку Штербик беше непрепознатлив во првиот дел  говори податокот дека дури 16 минути беше без интервенција. На крајот ПИК Сегеда на полувреме замина со предност од 14:13.

Вториот дел стартуваше без некакви големи промени, но како што одминуваше времето Вардар како да успеваше да се консолидира. Во последните десетина минути од натпреварот Вардар имаше четири шанси да стигне до изедначување, но сепак избраниците на Раул Гонзалес никако не успеваа да го изедначат резултатот.

Вардар успеа да изедначи на 26:26 на една минути пред крајот на средбата со голот на Шпанецот, Македа. Потоа Вардар успеа да се обрани, но за наша несреќа Тимур Дибиров промаши зицер, па мораше да се задоволиме со реми.

Најефикасен на средбата беше Вук Борозан со осум погодоци.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…