Денес се одиграа натпреварите од 8 коло во ПМФЛ, а најефикасно беше во Тетово каде Ренова со 5-2 ја совлада Брегалница.
Шкендија успеа да стиге до реми во Струга. Домаќините поведоа во 11 минута со гол на Скендери, но Шкендија стигна до бод со голот на Тимовски до 80-та минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пелистер го шокираше Работнички со гол во 90-та минута и стигна до 1:1, иако домаќините имаа водство од 34-та минута со гол на Ристевски.
Скопје со два гола на Кировски го победи Борец во Велес. Во Кавадарци, Тиквеш со убедливи 3-0 славеше над Македонија Ѓорче Петров.
Фото: ФК Шкендија