Како што изгледа, Бојан Миовски во јануарскиот преоден рок би можел да се пресели во Селтик, тренерот Брендан Роџерс го посетил македонскиот голгетер како најголема желба.
Сезонава Миовски игра во одлична форма во дресот на Абердин, а раководството на шкотскиот гигант било импресионирано од Миовски по ланската дебитантска сезона во која во првенството на Шкотска постигна 18 гола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Скаути на Селтик скоро на секој натпревар го следеле Миовски и извештаите за него биле позитивни.
Абердин не сака да се раздели од својот најдобар стрелец, меѓутоа со висока понуда ситуацијата би се променила. Шкотските медиуми најавуваат дека трансферот би бил најскапиот во историјата помеѓу два шкотски клуба.
Рекордот во овој момент го држи трансферот на Скот Браун за кого Селтик во 2007 година плати 4.4 милиони фунти. Ќе потсетиме, Абердин за Миовски плати 650.000 фунти.