Дома Фудбал Останато РЕКОРДЕР: Знаете ли колку заработи Анри за три месеци во Монако?

РЕКОРДЕР: Знаете ли колку заработи Анри за три месеци во Монако?

Веројатно нема да ви падне на памет човек и тренер кој за краток период во џеб си ставил сума колкава што однесе Тиери Анри од Монако.

Беше само три месеци во Монако, доби отказ и тоа добро го наплати. Како што кажавме веројатно е најплатениот тренер на сите времиња кога ќе се погледнат деновите кои ги помина во клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колку заработи Анри?

Ги надмина сите! Потпиша договор вреден 25.5 милиони евра и поради неговата лоша работа и неуспехот си замина после три месеци и сега му е исплатено се до последен цент.

Ова значи дека Анри со неуспехот во клубот од Кнежеството стана апсолутен победник кога се тренерите во прашање и заработката за краток временски период.

Ќе потсетиме, Анри пред неколку година можеше да започне тренерска кариера во Арсенал, но Французинот тогаш избра да биде коментатор поради подобрата понуда од телевизијата кога се финансиите во прашање.

Од заминувањето од Монако Анри се уште е без ангажман и сега може да слободно да ги троши милионите заработени во Монако без премногу да се испоти.

Анри на клупата на Монако помина точно 104 дена и во тој период на 20 натпревари победи само на пет натпревари и изгуби дури на 11, додека неговиот тим имаше гол-разлика од 23-43.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…