ЈОХАН АНДРЕ ФОРФАНГ (28) слета по 153 метри во Вилинген, Германија, израмнувајќи го рекордот во ски скок, поставен во 2021 година од Полјакот Клеменс Муранка.
Норвешкиот ски-скокач го подели првото место со Јапонецот Рјоју Кобајаши во квалификациите во пресрет на денешниот главен дел од натпреварувањето во Светскиот куп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двајцата освоија 129 поени, а трет беше Австриецот Стефан Крафт со 127,5 поени.
По настапот на Форфанг, пистата беше спуштена и тоа се одрази на резултатите на останатите скокачи.
Во квалификациите учествуваа 59 ски скокачи. Осум од нив не се пласираа во главната рунда, додека еден не ни настапи.
Крафт води во генералниот пласман на Светскиот куп со 1089 бодови пред второпласираниот Германец Андреас Велингер со 837 бодови, додека третиот Кобајаши има 736 бодови. Форфанг, рекордерот од Вилинген е на 17. место со 228 бодови.