Премиерлигата пријави рекордни 40 позитивни случаи на коронаворус, во првата седмица кога клубовите се тестираат по два пати.
Тестовите биле направени во периодот од 28 декември до 3 јануари во сите 20 премиерлигашки клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тестирањето една недела порано откри рекордни 18 позитивни случаи во тоа време, но сега значително повеќе, што секако е загрижувачко.
„Лигата продолжува да има доверба во своите протоколи за Ковид-19, кои се целосно поддржани од владата, за да дозволи натпреварите да се играат според предвидениот рок“, се вели во соопштението.
Премиерлигата и натаму инсистира дека нема потреба од прекин во натпреварувањето, нешто што не го сакаат ниту клубовите со оглед на густиот распоред.