Дома Фудбал Реконструкцијата започна: Багери влегоа на „Камп Ноу“ 🎥

Реконструкцијата започна: Багери влегоа на „Камп Ноу“ 🎥

Иако сезоната се уште не е завршена, Барселона последниот натпревар во првенството го игра во недела на гости кај Селта, па така реконструкцијата на „Камп Ноу“ веќе започна.

Планот е реконструкцијата да трае најмалку до ноември следната година, а Барселона за тоа ќе издвои милијарда ипол евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На официјалниот сајт на Барселона објавена беше офотграфија од уништениот тревник, а наскоро ќе започне и рушењето на целтоо трето ниво на трибините кои ќе бидат целосно реконструирани. Затворен е и паркингот околу стадионот.

Барселона веќе потврди дека следната сезона нема да игра на Камп Наоу, туку на олимпискиот стадион кој до 2009 година го користеше Еспањол, а веќе 14 години никој не игра на него.

Според очекувањата на „Камп Ноу“, Барселона би требало да се врати за сезоната 2024/2025 година, но тогаш ќе користи само 50% од капацитетот бидејќи се уште нема да биде до крај се завршено. Новиот „Камп Ноу“ ќе може да собере до 105.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…