Поранешниот играч на Интер Алваро Рекоба во интервју за шпанска „Марка“ откри некои детали од времето кога го носеше дресот на италијанскиот клуб.
Легендарниот Уругваец кој денес има 43 години во Интер пристигна во 1997 година, а откако две сезони беше на позајмица доби шанса во првиот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рекоба потоа за Интер настапи на 261 натпревар и постигна 71 гол, а сега откри дека во тоа време неколку клуба од Премиер лигата сакале да го доведат.
„Имав понуди од Ла Лига, ме сакаше Барселона. Беше 2002 или 2003 година. Претседателот на Интер имаше добри односи со претседателот на Барселона и тие се обидоа да ме доведат, но во тоа време клубот не сакаше да ме пушти никаде. Имав понуда и од Валенсија и навистина мислам дека би ми се допаднало играњето во Шпанија“, изјави Рекоба.