Дома Фудбал Останато Револуција: Мундијал со 48 репрезентации – Европа добива 16 места!

Револуција: Мундијал со 48 репрезентации – Европа добива 16 места!

Фудбалските репрезентации од Европа ќе добијат само 16 места на Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во нов формат со 48 репрезнетации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави колку места ќе добијат континенталните федерации. Европа ќе партиципира со најмногу репрезентации, но со помала бројка од она што го очекуваше УЕФА.

CAF (Африка) доби девет места, AFC (Азија) осум, CONCACAF (Северна Америка, Централна Америка, Кариби) шест, CONMEBOL (Јужна Америка) шест и OFC (Океанија) едно место.
UEFA (Европа) на Мундијалот во 2026 година ќе партиципира со 16 репрезентации.

Преостанатите две места се резервирани за домаќинот, односно за победникот на плејоф турнирот, на кој, со исклучок на УЕФА, ќе учествуваат преставници од сите континентални федереции.

Конечната одлука ќе биде донесена на 9.мај на седницата на советот на Светската фудбалска федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…