Дома Фудбал Останато Ревија на убави погодоци во Париз, „пеколното трио“ БЛЕСКАШЕ, Кавани попушти! (Видео)

Ревија на убави погодоци во Париз, „пеколното трио“ БЛЕСКАШЕ, Кавани попушти! (Видео)

psg

Кога во ПСЖ ќе биде расположена тројката Нејмар, Кавани и Мбапе на противникот лошо му се „пишува“, а тоа денес на своја кожа го почуствува тимот на Бордо кој беше убедливо поразен со 6:1.

Нејмар го отвори резултатот со фантастичен гол уште во петата минута, потоа следуваше асистенција на Нејмар, а гол на Кавани за после само 12 минути игра резултатот да биде 2:0.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не поминаа ниту десет минути игра, а ПСЖ постигна и нов погодок овој пат преку Муниер, за веќе убедливи 3:0. Потоа во 40 минута ПСЖ доби пенал и тука следувше изненадување. Веројатно сите очекуваа Кавани да биде изведувачот, но не, одговорноста ја превзема Нејмар кој го постигна својот втор гол на средбата.

Во финишот од средбата Дракслер после одличната асистенција од Мбапе погоди за „петарда“ уште во првиот дел. Во меѓувреме почесен гол за гостите постигна Сакхаре.

Во вториот дел, Дракслер му возвраќа на Мбапе, овој пат тој му асистираше, а Мбапе кој зголеми на 6:1. Вториот гол за гостите го постигна  Малком од пенал во 90 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…