Само неколку часа откако беше соопштено дека е намалена казната на Реал Мадрид веднаш започнаа шпекулациите за тоа која ќе биде новата голема ѕвезда во „кралската галаксија“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со оглед на фактот дека Реал Мадрид ќе може слободно да купува нови фудбалери следното лето медиумите тврдат дека првото име е Пјер Емерик Обамејанг, кој е голема желба на претседателот Флорентино Перез.
Ни самиот Обамејанг не крие дека е отворен за преселба во Реал Мадрид и дека неговиот сон е да заигра на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал моментално на таа позиција ги има Алваро Мората и Карим Бензема, па со оглед на фактот дека Шпанецот е помлад и добро се покажа оваа сезона, Французинот ќе биде тој кој што ќе го напушти клубот за да направи место за Обамејанг.