Дома Фудбал Реал ја „блиндира“младата ѕвезда – клаузула од 350 милиони!

Реал ја „блиндира“младата ѕвезда – клаузула од 350 милиони!

Младиот Марко Асенсио оваа сезона блесна во дресот на Реал Мадрид, а медиумите во Шпанија пренесуваат дека веќе се договорени сите детали за потпишување на нов договор со „кралевите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во наредните денови Асенсио треба да потпише нов договор според кој ќе остане во Реал Мадрид до 2023 година.

Талентираниот Шпанец ќе добие подобри финансиски услови и плата од четврта категорија. Сега ќе биде во групата заедно со Лукас Васкес, Дани Карвахал, Матео Ковачиќ и годишно ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Она што посебно е интересно во новиот договор е што откупната клаузула на Асенсио ќе изнесува астрономски 350 милиони евра.

Со овој потег Реал сака да се заштити од европските клубови, особено од Премиер лигата кои сакаат да го доведат Асенсио во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското …