Дома Топ вести Реал тргнува по новата шпанска ѕвезда

Реал тргнува по новата шпанска ѕвезда

Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.

Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде одигра одлична сезона, а сега блеска на Европското првенство.

Лајпциг нема намера да се откаже од услугите на 23-годишниот Олмо за сума помала од 50 милиони евра, па „кралевите“ ќе треба да го одврзат паричникот.

Со оглед на потешкотиите на Реал да дојде до потписот на Килијан Мбапе, ќе се насочи кон Олмо, кој е голема желба на Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…