Дома Фудбал Реал спреми нов договор за Модриќ

Реал спреми нов договор за Модриќ

Реал Мадрид е спремен да му понуди нов договор на хрватскиот плејмејкер, Лука Модрид, пренесува „Марка“.

Модриќ има договор до крајот на сезоната, а иако има 36 години, се уште е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

„Кралевите“ не сакаат да се разделат со него, па наскоро ќе почнат преговори за продолжување на договорот на уште една година.

Модриќ  не размислува за пензија и сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“ што е можно подолго, па се очекува двете страни лесно да најдат заеднички јазик околу договорот.

„Марка“ пренесува дека голема е веројатноста Модриќ да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Магваер повторно на удар: Додека Хал даваше гол, тој го чуваше својот соиграч (ВИДЕО)

Хари Магваер повторно се најде во центарот на вниманието на англиската фудбалска јавност, …