Еден од најважните играчи на „кралевите“ минатата сезона без дилеми беше францускиот напаѓач Карим Бензема кој игра во фантастична форма.
34-годишниот Французин го однесе Реал до европскиот трон и е главен кандидат за „Златната топка“ оваа година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот договор со „кралевите“ истекува на крајот на сезоната, но Реал веќе спреми нов договор за голгетерот.
Најавите од Шпанија се дека Реал сака да го задржи Бензема најмалку до 2024 година и почнал преговори со неговиот агент.
Во Реал се убедени дека нема да има никакви проблеми и дека наскоро Французинот ќе стави потпис на новиот договор.