Фантастичното Светско првенство кое го одигра Килијан Мбапе го натера Реал Мадрид да направи нов обид за негов ангажман.
Минатото лето Мбапе беше на чекор од трансфер во Реал, но на крајот се одлучи да остане во ПСЖ за многу повисока плата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Реал Мадрид спрема трансфер операција која ќе изнесува скоро 1 милијарда евра.
Имено, споменатата сума вклучува плата за Французинот за четири години, која ќе изнесува околу 630 милиони, плус 150 милиони кои треба да бидат платени за обшететување.
На таа сума треба да се додадат и бонуси како и провизија за агенти и за играчот при потпис, па во Реал сметаат дека целата сума може да биде заокружена на 1 милијарда евра.
Мбапе има договор со ПСЖ до 2024 година, но медиумите во неколку наврати објавија дека се кае што ставил нов потпис и дека на лето сака да ја испрати грешката и да се пресели во Реал Мадрид.