Познато е дека Еден Азар е главна трансфер цел на Реал Мадрид, а сега „кралевите“ најдоа начин како полесно да ги убедат колегите од Челзи за да го пуштат Белгиецот.
Првата понуда од Реал епспресно беше одбиена, но сега „кралевите“ се спремни во целата операција да го вклучат и Матео Ковачиќ, плус 60 милиони евра за да го добијат потписот на Азар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Челзи за слободата на Азар бара 100 милиони евра, сума која е превисока за фудбалер на кого следното лето му завршува договорот. Поради тоа Реал ќе се обиде да ја намали цената на Белгиецот и во целата операција да го вклучи Ковачиќ.
Хрватот во моментов е на позајмица од „Сантијаго Бернабеу“, но во договорот нема клаузула со која „сините“ ќе имаат право на откуп по завршувањето на сезоната. Сепак, Челзи сака да го задржи Ковачиќ, особено поради фактот што нема да може да купува нови фудбалери.
Имено, Челзи има забрана за трансфери во наредните два преодни рока, но тоа не важи за играчите кои се веќе регистрирани во клубот, како што е примерот со Ковачиќ.
Поради тоа Реал Мадрид сака да ја искористи таквата ситуација и да го вклучи Ковачиќ во преговорите, плус да доплати 60 милиони евра за да го добие потписот на Азар.