Реал Мадрид во текот на летото ќе направи голема реконструкција.
Многу фудбалери ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот Зинедин Зидан доби 500 милиони евра за да доведе засилувања, кои би го вратиле Реал Мадрид во самиот врв по очајната сезона. Белгиската ѕвезда, Еден Азар за сега е единствениот играч кој за Реал е „готова работа“. Наскоро би требало сето тоа да стане официјално, а за неговите услуги Реал ќе мора да плати повеќе од 100 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така, по неговиот пат ќе си оди најверојатно и Пол Погба. Французинот е желба на Зидан, па претседателот на клубот, Флорентино Перез сепак попушти и му дозволи да го доведе во клубот, покрај жестокото противење во претходниот период. Цената за Погба нема да биде мала. Англиските медиуми тврдат дека Реал ќе плати 150 милиони евра и така ќе ја наполни касата на Јунајтед.
Третото име од големите ѕвезди кое се поврзува со Реал е одличниот играч за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен. Зидан покажува голем интерес за неговото доведување, но според пишувањето на „The Times“ Зидан се откажал од него и се свртел кон Погба. Цената која лондонскиот тим ја постави не е мала. Бараа дури 130 милиони евра, што Реал беше подготвен да ги плати. Сепак, фактот дека можат да го добијат Погба за 20 милиони евра повеќе беше пресуден и Зидан се одлули за сонародникот.