Зинедин Зидан има големи проблеми на напаѓачката позиција после повредата на Карим Бензема, бидејќи нема алтернатива за Французинот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми денес додатно ја „разгореа“ ситуацијата и тврдат дека ова лето Златан Ибрахимовиќ бил на чекор од Реал Мадрид, но Роналдо рекол НЕ, па Швеѓанецот потпиша за Манчестер Јунајтед.
„Дон Балон“ тврди дека преговорите биле во напредна фаза, но тогаш се замешал Португалецот и јасно им кажал на сите дека не го сака Ибрахимовиќ.
Роналдо е навикнат да биде најголема ѕвезда во ѕвездената соблекувална, а присуството на Златан можело да го наруши неговиот статус.