Дома Трансфер зона Реал се вклучи во трката за „бисерот“ на Салцбург

Реал се вклучи во трката за „бисерот“ на Салцбург

Реал Мадрид ја продолжува потрагата по нов напаѓач, кој ќе биде алтернатива за Бензема, тврди „Макра“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


34-годишниот Бензема игра во животна форма, но Анчелоти сака да донесе млад напаѓач кој ќе може да биде замена за Французинот и со тек на годините да го наследи во нападот.

Бензема во моментов нема речиси никаква алтернатива, особено откако клубот се раздели со Лука Јовиќ и Борха Мајорал, а Маријано Дијаз е на излезна врата.

Шпанските медиуми пренесуваат дека ново име на списокот на „кралевите“ е младиот талент на Салцбург, Бенџамин Шешко.

19-годишниот Словенец важи за еден од најталентираните млади напаѓачи во Европа и него веќе го следат многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…