Дома Трансфер зона Реал сакал да го „украде“ Пакета, Фламенго потврди: Договорот е веќе потпишан!

Реал сакал да го „украде“ Пакета, Фламенго потврди: Договорот е веќе потпишан!

Бразилскиот клуб Фламенго денес потврди дека е постинат договор со Милан за трансфер на 21-годишниот Лукас Пакета
.
Вчера шпанска „Марка“ пренесе дека Реал Мадрид сакал во последен момент да го „украде“ играчот пред носот на Милан.

„Кралевите“ го контактирале бразилскиот клуб и наводно понудиле повеќе пари, но било доцна, Фламенго веќе потпишал договор со Милан.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Вистина е дека многу европски клубови го сакаа Пакета, но ние веќе постигнавме договор со Милан и ставивме потписи. Сон на секој играч е да игра во Европа, а Милан е еден од најголемите клубови во светот. Доставија добра понуда и ние ја прифативме. Трансферот е веќе договорен“, изјави претседателот на Фламенго.

Пакета важи за еден од најголемите бразилски таленти и неодамна дебитираше за бразилската репрезентација, а на Милан ќе му се приклучи на 3-ти јануари кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …