Реал Мадрид има проблеми во нападот поради повредата на Винисиус и е во потрага по нов напаѓач.
Винисиус ќе отсуствува од терените подолго од еден месец, па Реал ќе мора да интервенира на трансфер пазарот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ ќе се обидат да го доведат Марсијал, кој е на излезна врата од Манчестер Јунајтед.
Те Хаг повеќе не смета на него и е спремен да го пушти, а Реал сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на позајмица.