Дома Топ вести Реал пак и ги руши плановите на Барселона: Кралевите испратија понуда до Јувентус

Реал пак и ги руши плановите на Барселона: Кралевите испратија понуда до Јувентус

Пред неколку дена во медиумите се појави информација дека Барселона сака да го донесе Паул Дибала кој би требало да биде замена за Нејмар.

Нејмар одлучи да ја напушти Барселона и да премине во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра. Јасно е дека Барселона мора да донесе замена за бразилскиот играч, кој беше клуч во оваа екипа. Листата на желби на каталонскиот клуб е поголема, а на неа се наоѓа наводно и напаѓачот на Јувентус, Дибала.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако од Торино порачаа дека не е на продажба, се чини Барселона нема да се откаже лесно од Аргентинецот. Меѓутоа, овој договор на Каталонците, може да им го расите и ривалот, Реал Мадрид, кој, оддеднаш сака да го донесе Дибала во кралскиот клуб, па дури веднаш испратил понуда.

Имено, Реал е подготвен да плати 85 милиони евра за Дибала, но и во спротивен правец да го успрати Матео Ковачиќ. Исто така, Флорентино Перез порача дека е подготвен да преговата со „Старата дама“ за да го донесе Дибала во своите редови. Од Јувентус порачуваат дека ќе го пуштат Дибала, само во случај да пристигне понуда од 120 милиони евра што е тешко да се очекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…