Дома Фудбал Лига на шампиони Реал остана единствен шпански претставник во ЛШ, а тоа значи – повеќе пари!

Реал остана единствен шпански претставник во ЛШ, а тоа значи – повеќе пари!

Само Реал Мадрид од четирите претставници од Шпанија успеа да ја помине групната фаза од Лигата на шампионите, што е неверојатно ако се земат предвид резултатите што ги бележат екипите од оваа земја во последните години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико Мадрид одигра 2:2 на домашен терен против Баер Леверкузен во натпревар во кој му беше потребна победа за да има шанса за пласман понатаму. Севиља исто така ги загуби сите шанси за следна фаза, а Барселона вчера беше елиминирана откако Интер славеше со Викторија Плзен.

Така, единствениот тим што помина во следната фаза од натпреварувањето од Примера, е бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид.

Минатата сезона овој тим од Лигата на шампионите заработи вкупно 116 милиони евра, а шпанските тимови поделија 57 милиони евра од маркетиншки права на УЕФА. Реал Мадрид како шампион доби 11,2 милиони евра, а останатите учесници го поделија остатокот од парите.

Годинава со оглед на тоа што нема претставник од Шпанија во осминафиналето, Реал Мадрид ќе има повеќе за 8,6 милиони евра, бидејќи нема со кого да ги подели парите.

Вкупната заработка на Реал Мадрид ќе биде за 11,7 милиони евра поголема од минатата сезона, секако ова се однесува само на маркетиншки права.

Дополнително, ќе заработат и за освоените бодови во групата и фазата до која ќе стигнат сезонава во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дали в недела ќе го видиме најголемиот скандал на Мундијалите од 1982 година?

Рано наутро во недела би можеле да бидеме сведоци на нов спортски скандал на Светското прв…