Дома Трансфер зона Реал одби богата понуда и порача – Асенсио не е на продажба!

Реал одби богата понуда и порача – Асенсио не е на продажба!

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Ливерпул имало неуспешен обид да ја ангажира младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека Јирген Клоп сака да донесе квалитетен крилен напаѓач на „Енфилд“, се споменуваа многу имиња, но сега „Индепендент“ открива дека најголема желба на „црвените“ е токму Марко Асенсио.

Имено, Ливерпул испратил понуда од 40 милиони фунти за неговиот потпис, но Реал експресно ја одбил и им ставил до знаење дека Асенсио не е на продажба.

Зидан има голема доверба во овој млад фудбалер кој веќе прерасна во голема надеж не само на Реал Мадрид, туку и на шпанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…