Дома Топ вести Реал обезбеди финансии, ги сака Мбапе и Халанд во „пакет“

Реал обезбеди финансии, ги сака Мбапе и Халанд во „пакет“

Реал Мадрид има големи планови и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд за сезоната 2024/25.

Весникот „АС“ откирва дека во Реал Мадрид се оптимисти дека летото 2024 година можат да го доведат Ерлинг Халанд. Весникот тврди дека постои откупна клаузула во неговиот договор со Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, за активирање на клаузулата Реал Мадрид ќе треба да плати помеѓу 220 и 240 милиони евра.

Овој трансфер нема да биде алтерантива на Килијан Мбапе, напротив, Реал сака да ги донесе двајцата во „пакет“. На Французинот му истекува договорот со ПСЖ следното лето и може како слободен агент да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал Мадрид ослободил огромен буџет за плати и има финансиска моќ да ги финансира двата трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …