Дома Топ вести Реал нуди две ѕвезди и пари за Погба

Реал нуди две ѕвезди и пари за Погба

Зидан е спремен на се за да го доведе својот сонародник на „Бернабеу“.

Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа медиумите најавуваат дека Реал нема да се откаже и пишуваат за нова понуда. Наводно во Реал се спремни да понудат пари плус Герет Бејл и Хамес Родригез.

Бејл се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, па оваа понуда би можела да ги задоволи апетите на Јунајтед.

Погба на „Олд Трафорд“ е потполно непрепознатлив и се добива впечаток дека е незадоволен и дека сака да ја промени средината.

Бејл остана во Мадрид во текот на летото, иако доби голема понуда од Кина, па досега одигра седум меча и постигна два гола, но неговиот однос со Зидан не се поправи, а „кралевите“ сметаат дека тој е „клучот“ за Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…