Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да ја продолжи соработката со германскиот фудбалер Тони Крос.
Крос има договор до 30 јуни 2024 година, но Германецот се уште не донел одлука дали да остане во Реал уште една година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германецот во „кралскиот“ клуб игра веќе една деценија, односно од 2014 година и изгради легендарен статус во клубот.
Крос не сака да биде во втор план, па поради тоа не е сигурен дали сака да остане, но Реал ќе се обиде да го убеда да потпише едногодишен договор.
Крос и оваа сезона игра на многу високо ниво, па Реал веќе работи на продолжување на соработката.
🚨 Real Madrid have told Toni Kroos that he can EXTEND his contract whenever he wants! ✍️🇩🇪
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 25, 2024
(Source: @MarioCortegana) pic.twitter.com/QzzYChjq6C