Еден од најважните играчи на „кралевите“ минатата сезона без дилеми беше францускиот напаѓач Карим Бензема кој игра во фантастична форма.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
34-годишниот Французин го однесе Реал до европскиот трон и е главен кандидат за „Златната топка“ оваа година.
Неговиот договор со „кралевите“ истекува следното лето, но Реал веќе спреми нов договор за голгетерот.




Најавите од Шпанија се дека Реал сака да го задржи Бензема најмалку уште две години и почнал преговори со неговиот агент.




Шпанска „Марка“ пренесува и дека Бензема нема ништо против да го продолжи договорот, па двете страни лесно ќе ги договорат условите.
Во последната сезона Бензема одигра 32 натпревари во Примера, постигнувајќи 27 гола и 12 асистенции.