Дома Фудбал Реал Мадрид ќе ја бојкотира ФИФА

Реал Мадрид ќе ја бојкотира ФИФА

Од Реал Мадрид донеле одлука да не ја уважат со никакво присуство церемонијата на ФИФА за наградите за најдобрите во 2022 година.

„Марка“ открива дека Реал ќе ја бојкотира церемонијата „FIFA The Best“, на која за најдобар ќе биде прогласен Лионел Меси,  за најдобар тренер Лионел Скалони, а за најдобар голман Емилијано Матинез.

Во секоја категорија „кралскиот“ клуб имаше свои претставници во Карим Бензема, Карло Анчелоти и Тибо Куртоа.

Притоа се очекува Бензема, Модриќ и Куртоа да бидат избрани во идеалниот тим на годината. Гала церемонијата ќе се одржи во 21 часот во Париз, но никој од Реал нема да присуствува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…