Давид Алаба дефинитивно нема да биде спремен за реваншот во полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Австриецот е повреден и скоро невозможно е да биде спремен до натпреварот во среда, пишуваат денес мадритските медиуми. Ова е сериозен удар за Карло Анчелоти ако се земе предвид дека ќе мора да го менува Начо Фернандес кој не блескаше премногу во последно време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Единствената добра вест е што се враќа Касемиро кој го пропушти првиот натпревар, а за викендот против Еспањол ќе биде во составот против Сити. Тимот на Пеп Гвардиола во реваншот ќе ја брани предност од 4:3 од првиот натпревар.