Реал Мадрид со голем интерес ја следи ситуацијата околу фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат шпанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Марка“ пренесува дека Реал Мадрид следи неколку млади фудбалери, а еден од нив е Алфонсо Дејвис, кој игра фантастично во дресот на Баерн.




Проблем за „кралевите“ е што Канаѓанецот има договор со Баерн до 2025 година, а наводно челниците на баварскиот клуб немаат намера да го продадат.




Реал Мадрид во минатото успеа да ги донесе од Баерн Тони Крос и Давид Алаба, но ситуацијата со нивните договори беше многу поинаква.




Поради тоа овој трансфер ќе биде тежок за реализација, иако Реал е спремен да плати голема сума за неговиот потпис.