Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос и официјално побара од раководството да ја промени средината ова лето.
„Марка“, која секогаш е добро информирана за случувањата во Реал, тврди дека „кралевите“ нема да му стојат на патот и ќе го пуштат Рамос само доколку пристигне адекватна понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми шпекулираат дека би можел да ја продолжи кариерата во Кина и дека бара да му се дозволи како слободен играч да си замине од Мадрид.
Од Реал се категорични, стоперот може да си оди само ако некој плати за раскинувањето на соработката, а „кралевите“ за неговата слобода бараат помеѓу 80 и 100 милиони евра.
Рамос од 2005 година ги брани боите на „кралскиот“ клуб. Одигра до сега 606 натпревари и постигна 84 гола, а неговиот договор истекува во 2021 година.
Sergio Ramos has been offered a salary of €35m/year from China (after taxes) – 3 year contract. He'll earn more than €100m in 3 years in China compared to €40m that he'll earn from 3 years staying at Real Madrid. pic.twitter.com/igMLct47Cr
— Transfer News (@TransfersLlVE) May 28, 2019