Дома Трансфер зона Реал Мадрид ја одреди цената за Иско

Реал Мадрид ја одреди цената за Иско

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му соопштил на Иско дека слободно може да си бара нов клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зидан отворено му го кажал тоа на Иско после еден тренин и му порачал дека најдобро е да си побара нов клуб, открива „Марка“.

Иско оваа сезона не е во плановите на Зинедин Зидан и ретко добива шанса, а на Ел Класико камерите го снимија како приговара од клупата за резерви.

Реал сака да се ослободи од плејмејкерот уште во јануарскиот преоден рок и веќе поставил цена од 25 милиони евра.

Интерес за Иско покажуваат неколку европски гиганти, а јасно е дека неговата цена драстично падна после лошиот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…