Реал Мадрид е спремен да слушне понуди за шест свои ѕвезди ова лето, пренесува „Марка“.
Станува збор за фудбалери кои немаат статус на стартери во тимот на Анчелоти и клубот е спремен да ги продаде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Четворица од нив влегуваат во последната година од договорот, а Реал не сака следното лето да ги загуби без обештетување.
Станува збор за Дани Себаљос, Марко Асенсио, Лука Јовиќ, Маријано Дијас, Хесус Ваљехо и Андреј Лунин.
„Марка“ тврди дека овие фудбалери се на трансфер пазарот, но тоа не значи дека Реал сигурно ќе ги продаде, туку само во случај ако пристигне задоволителна понуда.
Неколку европски клубови се заинтересирани за овие фудбалери, па доколку пристигне добра понуда Реал е спремен да ја прифати.