Реал Мадрид на лето ќе прави голема реконструкција на тимот, а некои од актуелните ѕвезди ќе бидат ставени на продажба.
Шпанските медиуми пренесуваат дека меѓу нив ќе биде и Еден Азар. Белгиецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100 милиони евра плус бонуси, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да го продаде Азар за 50 милиони евра, што е помалку од половина од сумата која ја платија „кралевите“ за него.
На продажба исто така се ставени Иско и Марсело, кои оваа сезона се во втор план кај Зидан и клубот веќе им ја отвори излезната врата.
Real Madrid are actively looking to sell Eden Hazard, Isco and Marcelo. The three players are not in the club's plans going forward.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 6, 2021
(Source: MARCA) pic.twitter.com/kwqSp9cBQb