Дома Топ вести Реал Мадрид спреми 150 милиони за Мбапе

Реал Мадрид спреми 150 милиони за Мбапе

Реал Мадрид на лето го спрема еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.

Весникот „АС“ пренесува дека главна трансфер цел на „кралскиот“ клуб ќе Килијан Мбапе, па Реал веќе почнал да работи на трансферот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Франција објавија дека Покетино веќе има идеја како би можел ПСЖ да изгледа наредната сезона, а главна цел на клубот ќе биде Лионел Меси, што значи дека Мбапе би можел да го напушти клубот.

Мбапе на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Реал спрема понуда од 150 милиони евра и се надева дека ќе биде доволно за да го убеди „светците“ да го пуштат Французинот.

Сумата од 150 милиони евра „кралевите“ ќе се обидат да ја соберат од продажба на неколку фудбалери, меѓу кои се Иско, Дани Себаљос, Герет Бејл, Марсело, Јовиќ и Брахим Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…