Дома Фудбал Реал Мадрид спрема реконструкција за наредната сезона, познато е како ќе изгледа одбраната на „кралевите“

Реал Мадрид спрема реконструкција за наредната сезона, познато е како ќе изгледа одбраната на „кралевите“

Реал Мадрид до крајот на сезоната ќе се бори за трофејот во Ла Лига, иако тоа ќе биде многу тешко со оглед на фактот дека Атлетико Мадрид има два бода повеќе, додека Барселона има исто колку нив на три меча пред крајот.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез планира реконструкција на екипата, која најверојатно ќе добие барем по еден фудбалер во сите делови од теренот, а шпанска „Марка“ открива како ќе изгледа одбраната на шпанскиот гигант.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Марка“ објави дека „кралевите“ следната сезона ќе сметаат на Начо Фернандез и Едер Милитао, додека како ново засилување се споменува Давид Алаба, а јасно е дека Серхио Рамос или Рафаел Варан ќе си заминат од тимот.

Рамос има договор до крајот на сезоната, додека Варан не игра на врвно ниво како што се очекува од нив, па поради тоа „кралевите“ можеби ќе се обидат да заработат нешто од неговиот трансфер.

Како потенцијални засилувања се споменуваат и Пау Торес од Виљареал и Жил Кунда од Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…