Реал Мадрид денес потврди дека Едуард Камвинга заработил повреда на лигаментот на десното колено во текот на репрезентативната пауза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повредата Камвинга ја заработил по судар со Дембеле на тренингот на репрезентацијата на Франција. Како што стојат работите паузата ќе биде од неколку недели и Камвинга на теренот ќе се врати на почетокот на јануари.
Ова значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Кадиз, Наполи, Гранада, Бетис, Унион Берлин, Виљареал и Алавес, а можеби и некој плус.
Но, тука не е крајот на проблемите на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор се повреди во настапот за Бразил против Колумбија, Бразилецот ја обнови повредата на коленото која веќе ја имаше.