Дома Фудбал Англија “Реал Мадрид сака да го купи Салах”

“Реал Мадрид сака да го купи Салах”

Реал Мадрид по крајот на оваа сезона сака од Ливерпул да го купи Мохамед Салах, тврди поранешниот египедски репрезентативец, Мидо.

Салах во последниот период игра во одлична форма и моментално е прв стрелец во Премиер лигата, а воодушевен од неговите игри е и Мидо, кој тврди дека нема да биде изненадување доколку неговиот сонародник заврши во Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Се плашев дека Салах нема да успее во Ливерпул, но сега мислам дека е спремен за уште повисоко ниво. Реал Мадрид може да ја искористи својата моќ и сакаат да го купат Салах. Сите гледаме колку лошо играат Бејл и Бензема во системот 4-4-2. Реал може да го искористи квалитетот на Салах.“ – изјави Мидо.

Во кариерата Мидо играше за Марсеј, Тотенхем, Виган, Рома, Ајакс..

„Знам дека многу нема да се согласат со мене, но според мое мислење Салах е најдобриот египетски фудбалер во историјата.“- додаде Мидо.

Во Премиер лигата, Салах оваа сезона постигна дури 30 погодоци.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…