Шпанскиот гигант Реал Мадрид има намера да превземе правни дејствија против Европската куќа на фудбалот (УЕФА) поради повторувањето на ждребот за осминафиналето во ЛШ.
Според првичниот ждреб противник на Реал Мадрид во осминафиналето е Бенфика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, од УЕФА објавија дека поради техничка нивна грешка целиот ждреб ќе се повтори во 15 часот.
Од Реал Мадрид сметаат дека ова е преседан и дека нивниот ждреб бил без технички проблеми при првото извлекување, па имаат намера да поднесат правна претставка против УЕФА.
🚨 Real Madrid are unhappy and oppose the decision to re-do the Champions League draw, as their draw for the match against Benfica was legal and without error! #UCL
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 13, 2021
(Source: @beinsports_FR) pic.twitter.com/nVRwPrkpKF