Дома Фудбал Реал Мадрид принуден да го смени авионот поради технички проблеми

Реал Мадрид принуден да го смени авионот поради технички проблеми

Шпанскиот шампион Реал Мадрид беше приморан да ги промени плановите за патување за првиот меч во новата сезона поради технички проблеми на авионот, потврдија од клубот.

Реал требаше да лета од Мадрид до Сан Себастиан за вечерашниот меч против Реал Сосиедад, но се расипа хидрауличниот систем на авионот.

Тоа го принуди клубот да го промени планот, па леташе до Виторија, а потоа со автобус стигна во Сан Себастиан (растојание од 77 километри).

„Имаше технички проблем со авионот, но ние најдовме алтернативен начин и стигнавме во Сан Себастиан на време“, потврдија од „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…