Брахим Диаз се враќа во Шпанија. Фудбалерот кој важи за голема надеж ќе потпише договор на шест години со Реал Мадрид.
„Во еден потег остварија две цели – се вратија со семејството во Шпанија и ќе потпише за Реал“, пишува „Марка“ и открива детали од договорот помеѓу европскиот шампион и Манчестер
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сити во кој Диаз настапува од 2014 година.
Реал за 19 годишниот фудбалер ќе плати 15 милиони евра. Зошто „само“ 15 милиони? Бидејќи Диаз го уценил Сити и порача дека нема да го продолжи договорот и дека на крајот од сезоната без оштета ќе премине во Реал.
Во таква ситуација Сити мораше да ја прифати оваа понуда од Мадрид. Диаз во редовите на „кралевите“ ќе заработува три ипол милиони евра.
„Среќни сме што е со нас и ќе направиме се што е во наша моќ за да остане. Но, тој е оној кој ќе одлучи. Имаме многу добро мислење за него, но ќе мора да се бори за минути со Стерлинг, Сане, Марез и Силва“, зборуваше за овој фудбалер неодамна Гвардиола.
Реал Мадрид со овој трансфер направи преседан и ја прекина повеќегодишната традиција да не доведува играчи во зимскиот преоден рок.
https://www.youtube.com/watch?v=xgx6FB5uz1g