Бразилската ѕвезда Нејмар со месеци се поврзува со Реал Мадрид и тоа е трансфер кој јавноста оправдано го очекува веќе подолг временски период.
До сега бројни медиуми објавувале шпекулации поврзани за овој трансфер, а најдалеку отиде шпанската национална телевизија ТВЕ која синоќа пласираше вест дека Кралевите испратиле официјална понуда до ПСЖ за Бразилецот во вредност од 310 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Изреволтирани од лажните вести, од Реал Мадрид пред полноќ одлучија да излезат со официјално соопштение за јавноста во кое ја демантираат телевизијата, во неверување што национална телевизија со таков углед си дозволува лажни вести да ги претставува како ексклузивни.
„Со оглед на информациите кои ТВЕ вечерва ги објави за наводна понуда од Реал Мадрид за Нејмар, нашиот клуб јавно се оградува и тврди дека тоа е лага. Реал Мадрид не испратил никаква понуда ниту до ПСЖ, ниту до играчот. Многу сме инзненадени и прашуваме дали е можно националната шпанска телевизија да објави ваква невистина и тоа без да контактира било кој од Реал Мадрид.“- стои во соопштението на Реал Мадрид.