Дома Трансфер зона Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на актуелната сезона, меѓутоа како што сезоната одминува и доаѓаат поважните натпревари до израз доаѓа неговиот квалитет и искуство. Токму тоа би можело да биде пресвртницата во целата ситуација, пренесуваат шпанските медиуми.

Модриќ одигра 15-тина минути во првиот полуфинален натпревар помеѓу Баерн и Реал Мадрид. Влезе од клупата на местото на Тони Крос и покажа дека се уште е важен дел од тимот на Анчелоти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тие 15 минути Модриќ испрати една маестрална топка до Винисиус кој дојде во добра позиција, но не успеа да го матира Мануел Ноер. Имаше и уште неколку добри потези со што само докажа за каква класа од играч станува збор.

Пред само неколку месеци неговото заминување од Реал Мадрид изгледаше како сигурна работа, но сега наводно се случил пресврт. Реал според последните информации одлучил да ја продолжи соработката со Хрватот на уште сезона.

Модриќ во текот на целата сезона има помала минутажа и истакнуваше дека не е среќен, меѓутоа „Кадена СЕР“ тврди дека сега и тој ја прифатил таквата улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…